Во име на, како што рече, сите загрижени градоначалници, Коце Трајановски денеска го поздрави договорот помеѓу политичките партии за одредување на датумот на локалните избори.
-Градоначалниците на општините во Македонија од утре ќе работат без мандат. Со оглед на тоа што има различни толкувања од професори или институции за тоа дали градоначалниците можат да продолжат да функционираат или не, ние како ЗЕЛС за да бидеме сигурни и да нема подделеност, бараме од Парламентот што побргу да се состане и да ги донесе измените на законот за избори и законот за локална самоуправа со што ќе се распишат следните локални избори, истакна Трајановски.
На координацијата на која беше договорен датумот за избори, како и носење на измени за Изборниот законик со кој ќе им се продолжи мандатот на градоначалниците до изборот на нови, не присуствуваше ВМРО-ДПМНЕ.