Уште еднаш одложено гласањето за Резолуцијата за Македонија во ЕП

by fokus

Европскиот парламент ниту неделава нема да гласа за Резолуцијата за Република Македонија, а во однос на прогрес-извештајот на Европската комисија за нашата земја за 2016 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Како што потврдија од Европарламентот, ниту неделава на пленарната седница во францускиот град на културата нема да се гласа за Резолуцијата за Македонија, но и за Србија, Косово и Албанија, како останати земји од процесот на проширување.

Причината за новото одложување, со оглед на тоа што за Македонија и другите земји-кандидати за членство во Европската унија од Балканот требаше да се изгласа Резолуцијата уште во март оваа година, се говори дека е се уште несредената политичка состојба во сите овие земји. Имено, во Македонија веќе шест месеци нема создадено Влада и политичката криза се уште трае и покрај мирниот изборен ден на 11 декември минатата година.

Поврзани новости