515
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ги осуди вчерашните масовни протести на Шарената револуција во главниот град.
Трајановски е револтиран што демонстрантите го држеле во заложништво Скопје и побара Шарената револуција „да престане со уништување на градот”.
„Барам да престанат да го тероризираат главниот град. Барам да ги остават граѓаните на градот Скопје на мир. Барам да не ги држат во заложништво граѓаните на градот Скопје. Исто така барам да не доаѓаат со автобуси од други градови за да го уништуваат главниот град. Нека дојдат како мирољубиви граѓани, нека бидат во Скопје, нека уживаат и нека се вратат во своите градови, а не да дојдат да го уништуваат главниот град“, порача скопскиот градоначалник.