Опожарен автомобил на полициски командир од Велес

by fokus

Ноќеска е опожарен автомобилот на командирот на полициската станица во Велес, Диме Ѓуров, јави дума.мк.

Возилото марка тојота било паркирано пред семејната куќа на Ѓуров која се наоѓа на улица: „Киро Рогужаров“, во месноста викана Соколаана. Случката е пријавена во полициската станица ноќеска неполни два часа по полноќ.

Според соопштението на СВР Велес увидна екипа излегла на местото на пожарот и направила увид. Резултатите од увидот ќе треба да ги утврдат причините за пожарот и евентуално да го откријат сторителот.

Поврзани новости