Трајановски чека резултати од проверката за валидноста на дипломата на Атанасов

by Фокус

Град Скопје веќе побарал да се проверат наодите за валидноста на дипломата на директорот на ЈП Водовод и канализација, Александар Атанасов, и се уште ги чека резултатите, велат од Градот.

„Градот Скопје се обрати до надлежните институции кои се надлежни за оваа проблематика и веднаш штом имаме одредени сознанија и одговори, за истите ќе ја информираме јавноста“, се наведува во реакција на Градот на чело со градоначалникот Коце Трајановски.

Претходно, Дамјан Манчевски од СДСМ побара Градот да го смени Атанасов од директорската позиција, бидејќи, како што истакна тој, дипломата му е невалидна.

Поврзани новости