Трајанов за Фактор: Полицијата е практично голо изложена на стрелба

by Фокус

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој е и дел од владеачката коалција преводена од ВМРО- ДПМНЕ во разговор за Фактор, тврди дека вчера во Македонија, односно во кумановското место „Дива населба“ постоел обид за дестабилизација на земјава.

-Генерално, ова е обид за дестабилизација на Македонија и нарушување на безбедноста. Се работи за терористички групи кои ја загрозија стабилноста на Македонија. Исто така, важно е да се истакне дека граѓаните не ги подржаа овие активности и мислам дека нема да дојде до нарушување на меѓуетничките односи. Очекувам сега безбедносните служби на чело со МВР да ја расчистат компелтно работата. Она што можам да го истакнам е дека се забележливи одредени пропусти на оперативните служби, со што се добива впечаток дека полицијата е практично голо изложена на стрелба. Не можам и не сакам да навлегувам во разно разните шпекулации за сценаријата за овој немил настан. Сепак, треба да почекаме да се стабилизира целата ситуација, затоа што има една нејасна работа, а тоа е што не се знае кој стои зад овие терористички групи и кои се нивните цели, вели Трајанов за Фактор.

Тој додава дека во вакви ситуации, одговорноста треба да ја понесе власта.

 

Поврзани новости