510
Одлуката на Уставниот суд да се прогласи за ненадлежен за иницијативата за уставноста за распуштање на Парламентот е наложена, смета подносителот на иницијативата, Павле Трајанов.
-Добро е што сепак од 9 судии, 4 гласале „за“ иницијативата за да се преиспита одлуката. Се покажа дека мнозинството судии се под силно партиско влијание, бидејќи ако одлучуваа самостојно ќе ја прифатеа инциијативата. Уставниот суд е тој што одлучува и дефинитивно требаше да се прифати иницијативата, рече Трајанов за НОВА.