428
Средбите на работната група за спроведување на Договорот од Пржино на тема медиумска регулација продолжија и денеска, но предмалку посредникот Питер Ванхојте соопшти дека преговорите во моментов се блокирани.
-Очигледно нема договор ситуацијата во моментов е целосно блокирана сега спроведуваме билатерални консултации со партии и на нивно на меѓунардона заедница за да видиме како да продолжиме во наредните чласови, изјави Ванхојте.
Тој рече дека се очекува околу 20 часот да одржат заеднички состанок, но и тоа не е сигурно.
-Очигледно има различни ставови за повеќе прашања. Главните проблми се околу составот на советот на Агецијата за медиуми и програмскиот совет на МРТВ, рече Ванхојте пред Клубот на пратениците каде се одржуваат средбите.