Граѓански организации со писмо до Бејли и Орав: Нема услови за избори на 24 април

by Фокус

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Институтот за европска политика (ЕПИ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Коалицијата Сите за правично судење денеска преку јавно обраќање до амбасадорот на САД, Џес Бејли и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, го соопштија својот став дека условите за фер и демократски избори на 24 април не се исполнети.

-Досегашното спроведување на Договорот од Пржино беше бавно и селективно со значително задоцнување во клучните реформски процеси, како што беше нотирано и од мониторингот на граѓанските организации. Принципите и целите на Договорот се занемарени и фокусот е на избрзани подготовки за предвремените парламентарни избори на фиксниот датум од Договорот. Воедно, Итните реформски приоритети не се спроведуваат.2 Имајќи предвид дека предвидените реформи се во доменот на владеење на правото, нивното остварување е директно поврзано со овозможување на кредибилни избори, се вели во јавното обраќање.

Граѓанските организации наведуваат дека нема време за реализација на двете клучни работи за спроведување на фер избори, а тоа се медиумската регулација и прочистивањето на Избирачкиот список.

-Изборната реформа, согласно Договорот од Пржино, се спроведе со најмногу доцнење и тоа 135 дена за компонирањето на новиот состав на ДИК и 40 дена за усвојување на методологиите за прочистување на избирачкиот список. Оттука произлегуваат следните два заклучока:

1. Проверката и прочистувањето на Избирачкиот список не може да се заврши во преостанатото време и според тоа, невозможно е да се подготви Избирачки список кој ќе гарантира кредибилни избори.

2. Доекипирањето на ДИК во правниот и ИКТ одделот се уште не е завршено, иако е клучно за успешно остварување на нејзината зголемена надлежност, стои во јавното обраќање.

 

Поврзани новости