Демократскиот сојуз наскоро до Парламентот ќе достави предлог-закон за борба против тешки облици на криминал и висока корупција, соопшти партијата.
„Во услови кога имаме силна поддршка од САД и влијателни земји од ЕУ, неопходно е да се имплементираат европските стандарди, да се направат системски реформи за поефикасна борба против тешките облици на криманал и високата корупција, се со цел блокадите на овој пат полесно да се отстрануваат“, велат од ДС.
Од партијата на Павле Трајанов посочуваат дека подготовките за локалните избори треба да се искористат и за борба против урбаната мафија, која, велат од таму, остварува огромни профити од увоз на канцерогени масла и друг вид на опасни нафтени деривати.
„Не треба никој друг да не потсетува дека криминалот ја „јаде државата“, дека истиот не може да биде вредносна категорија, туку дека со тоа зло ние самите мораме да се справиме, а криминалот да биде неисплатлива авантура“, порачаа од партијата.