Откако денеска Уставниот суд донесе одлука претседателот да може да ги помилува оние кои уествувале во изборни нерегуларности, со реакција излезе и претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов. Според него, по денешната одлука Уставниот суд создава законска можност за легализација на фалсификување на правото на глас и изборен грабеж.
– Ако некој може да ги крши основните цивилизациски вредности, да владее со кршење на изборните правила, да ја менува волјата на граѓаните со закани, притисок, со коруптивни понуди, да ги руши темелите на демократијата, а за тоа да може да биде амнестиран, е надвор од било какво владеење на правото и правда. Одлуката на Уставниот суд е политички мотивирана, спротивна на Уставот и претставува класична злоупотреба на функцијата судија. Судот наместо да ја цени уставноста на законите и да ги штити основните права на граѓаните, на голема врата отвора можности за помилување на извршители на тешки кривични дела без водење на судска постапка – истакна Трајанов.