Спасовски во посета на полициската станица во Карпош

by Фокус

Навистина е потребно да ја професионализаира полицијата и службата да застане во интерес на граѓаните, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на полициската станица во Карпош.

– Професионализацијата на полицијата значи и поголемо задоволство на граѓаните, превентивно делување, намалување на нивото на криминалитетот. Посебно превентивно делување и поголемо присуство на полицијата овде на подрачјето на полициската станица во Карпош е потребно за да можеме да го намалиме криминалитетот, пред се, кражбите и разбојништвата коишто се случуваат – рече Спасовски.

Поврзани новости