Трајанов: ЕУ да ја стави Македонија на „брза лента“, ново вето ќе го урне договорот со Грција

by Фокус

Демократскиот сојуз смета дека Советот на Европската Унија на Самитот во Брисел на 28 и 29 јуни има обврска и одговорност да донесе одлука за започнување на пристапните преговори со Македонија, со што ќе се деблокираат европските интегративни процеси за нашата земја и ќе се отворат преспективи за Македонија.

„Најавата за вето од некои земји членки на ЕУ како Франција можат да го срушат Договорот со Грција, кој е постигнат за деблокадата на евроатланските процеси“, се вели во соопштението од партијата на Павле Трајанов.

Од таму инсистираат Македонија да биде ставена на таканаречена „брза лента“ и интеграцијата да се одвива со забрзано темпо.

 

Поврзани новости