Кирацовски: Никој не може да оспори Македонец, македонски јазик, македонско оро

by Фокус

Имаме навистина историски Договор, поздравен од целиот демократски свет, со кој се зајакнува и гарантира нашиот идентитет, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, при посетата на Прилеп и Охрид.

-Македонски јазик, Македонец, македонско оро се загарантирани и никој нема да може да ги оспорува. Како генерација имаме единствена шанса да обезбедиме членство во НАТО и почеток на преговори, а потоа и полноправно членство во ЕУ. Да не ја испуштиме, туку на референдум да кажеме ДА за влез во ЕУ и НАТО, да кажеме ДА за гарантиран македонски идентитет, ДА за нашата, македонска иднина – повика Кирацовски.

Поврзани новости