522
Мора да се реформира правосудниот систем и да се етаблира систем за одговорност на функционерите кои го кршат Уставот и на криминален начин стекнуваат капитал, порача Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз.
– Сите одлуки на Специјалното јавно обвинителство да бидат поткрепени со цврсти докази, како и да бидат транспрентни, како силна брана од обидите за негова блокада и дисквалификација – рече Трајанов.
Според него, потребни суштински и коренити реформи за да се создадат услови за кредибилни избори.