Правдата некогаш доцни, ама секогаш доаѓа!

by lali

Титаник не потона веднаш, потона после неколку часа по големиот удар. Дури и голем број од патниците не веруваа дека има било какви шанси толку голем брод да потоне. Бидете реални, никој не очекува глатко да тече целиот процес. Ќе има осцилации, ќе има опструкции. Исто како што има договорот од Пржино, исто како со оставките, исто како се до сега. Ама ќе си легнат на брашното. Трпение. Издржавме толку, ќе издржиме уште малку.

Само треба да сфатиме дека не чека борба и дека сите мора да помогнеме. Многу луѓе се жртвуваат во оваа битка, и досегашната наша поддршка верувам многу им значи, ама и секој треба засебно да размисли и да пружи дополнителена помош, онолку колку може! Ова е наша битка, битка за правда и иднина!