Ахмедовски го напушти ПЦЕР на Самка Ибраимовски и основа нова партија

by Фокус

Поранешниот министер без ресор во владата задолжен за имплементација на Стратегијата на Ромите, Аксел Ахмедовски, кој на оваа позиција дојде како потпретседател на владејачката ПЦЕР на Самка Ибраимовски, формира нова партија со назив Партијата за демократски просперитет на Ромите.

Како што истакна Ахмедовски, новата партија ПДПР ќе биде со седиште во Делчево и ќе дејствува главно меѓу ромската популација од источниот регион на државата.

– Нашата определба е да дејствуваме независно од другите партии, со можност за подоцнежна коалициска соработка со некоја од поголемите партиски структури. Зад нас имаме солидно гласачко тело од над десетина илјади граѓани кои ни дадоа поддршка за основањето, а веќе имаме и член на општинскиот совет во Виница – истакна Ахмедовски.

Поврзани новости