Трајанов бара да се формира Агенција против криминалот

by fokus

Време е Македонија да биде една изборна единица и тоа да се направи со законска регулатива, рече Павле Трајанов, пратеник и претседател на владиниот партнер, Демократскиот сојуз. Трајанов нагласи дека сегашната изборна регулатива, како своевидна системска предност, ги фаворизира големите политички партии. Toj побара и Собранието да биде вклучено во разговорите со Бугарија и ја повика Владата да не прифаќа идеи од Софија кои би го загрозиле македонскиот идентитет.

Трајанов во контекст на борбата со криминалот и корупцијата оцени дека земјава има институции за таква борба, дури седум како што нагласи, но истакна дека тие институции се многу партизирани и дека тоа ја затапува нивната посветеност за борбга со криминалот и корупцијата.

-Затоа предлагам нов закон за борба против тешките форми на криминал и високата корупција и формирање на нова независна инститгуцикја – Агенција за борба против криминалот. Доста е со говори, стратегии, платформи за реформи во правосудниот систем, да направиме кредибилен судски систем, законите да важат за сите. Да обезбедиме фер судење и правда, да се преиспитаат монтираните судски процеси. Ако нема правда, нема ниту мир. Ако нема правна сигурност, бега капиталот но и младите, рече Трајанов.

Во врска со аспирацијата за членство во ЕУ, Трајанов нагласи дека не смее со еуфорија да се преговара и да се прифаќа тоа што го предлага Бугарија, а со цел да се добие датум за преговори со Брисел.

-Треба да се вклучи Собранието на Македонија во овие разговори и така ќе се почитува резолуцијата донесена во овој законодавен дом. И нагласувам, никој не смее да го загрози нашиот национален идентитет, јазик, култура и историја и други обележја на македонскиот народ. Не смее да се преминат црвените линии, рече Трајанов.

Опозицијата го нападна Трајанов и констатираше дека секогаш ја критикува владата, но на крајот секогаш и дава поддршка и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески го повика да се одважи и да гласа против изборот на оваа влада.

Трајанов одговори дека неговите говори не се опозициски, туку принципиелни.

Поврзани новости