686
Фудбалскиот тренер Љубо Павловиќ (60) денеска починал за време на тренингот кој го водел.
Тој е поранешен фудбалер и тренер на ФК Љуботен, а во последните 15 години работеше како тренер во пионерско-младинската школа на фудбалскиот клуб Тетекс.
Павловиќ денеска го одржал претпладневниот тренинг, а додека го држел попладневниот тренинг ненадејно починал.