710
Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија. Иако нема потврда од полицијата, сепак, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврдил дека се случил немил настан. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.
Првичните информации се дека 64 годишник пукал во соседот што живеел над него во зградата, човек на возраст од околу 34 години, а потоа самиот си пресудил.
Од МВР и од Обвинителството се очекува официјална информација наскоро.