Се намалува бројот на основци и средношколци во земјава

by Fokus

Податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2021/2022 година, покажуваат дека бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 184.910, што претставува намалување за 0.6 % во однос на претходната учебна година.

Информциите на ДЗС се дека во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69.378, што претставува намалување за 2.5 % во однос на претходната учебна година.

За споредба, на почетокот на учебната 2021/2022 година бројот на учениците во редовните основни училишта бил 186.649, што претставувало намалување за 0,5% во споредба со претходната учебна година.

Во средните училишта во земјава, пак, на почетокот на учебната 2021/2022 година тој број беше 71.018, што претставуваше намалување за 1,1% во споредба со претходната учебна година.

Поврзани новости