72
На 04.03.2024 во 16.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(59) од Прилеп и мопед „томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(33) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.