НАТО пазарот вреден 10 милијарди евра годишно привлечен за македонските компании:„Не смееме да го пропуштиме“

by Fokus

Сега е редот и македонската економија да ја искористи шансата за приклучување на НАТО пазарот, рече во обраќањето на настанот НАТО Индустриски ден, министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Кога ќе се спомне НАТО секогаш прва асоцијација е безбедност и стабилност и многу често кога зборуваме за нашето членство во Алијансата зборуваме за инвестициите кои ги правиме во одбранбените капацитети, опремување и модернизација, исполнување на НАТО целите на способност. Многу поретко зборуваме за останатите придобивки кои се подеднакво важни, членстовто во НАТО има и друга димензија, а тоа е можниста македонските компании, рамноправно да се натпреваруваат со сите останати компании во земјите членки во нудењето на производи и услуги за потребите на Алијансата. Станува збор за значаен пазар од околу 10 милијарди евра на годишно ниво кој не смееме да го пропуштиме. Мораме да бидеме амбициозни, да се натпреваруваме со квалитет и со капацитети и да докажеме дека македонските компании технолошки и развојно можат да одговорат на барањата и да бидат конкурентни со компаниите во сојузничките земји“ рече Петровска.

Таа додаде дека секоја година се зголемува бројот на компаниите кои се впишуваат во регистарот на економски оператори во НАТО.

„Но, тоа не е доволно, следниот наш заеднички предизвик е зголемено учество во НАТО пазарот, свесни дека секој почеток е тежок, Министерството за одбрана е партнер кој е подготвен да им помогне на компаниите, пристапот до овој пазар да биде поедноставен, но и поефикасен и поуспешен. И токму затоа го организиравме и денешниот настан каде ќе имате можност детално да се информирате за процедурите, за пристапот до НАТО пазарот“ посочи Петровска.

Поврзани новости