Тошковски во посета на полицијата на границата со Косово: Не функционираат камерите за надзор во возилата

by Фокус

Полициските станици за граничен надзор Танушевци и Блаце, надлежни за контрола и надзор на дел од северната гранична линија кон Косово се соочуваат со недоволна пополнетост од аспект на човечки ресурси и недостаток на моторни возила кои им се неопходни за успешно извршување на нивните задачи, имајќи ја предвид специфичноста на подрачјето кое го покриваат.

Ова денеска на својот фејсбук-профил го напиша министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковки, коментирајќи ја денешната негова посета на овие полициски станици кои вршат надзор на границата кон Косово, каде како што вели се запознал со состојбата на објектите од аспект на материјално-техничка опременост, а со командирите и полициските службеници разговарал за нивната тековна работа, предизвиците со кои се соочуваат, но и за можните решенија.

-Во овие објекти со години наназад воопшто не било инвестирано, а специјалните возила кои се опремени со соодветни камери за надзор на подрачјето подолго време не се сервисирани и се оставени надвор од употреба, со што индиректно е загрозена безбедноста на граничната линија за која се надлежни – вели Тошковски.

Според него, на крајот на средбите биле донесени неколку заклучоци за можни решенија на дел од проблемите, но како што посочува министерот, со оглед на техничката Влада ќе преземе сѐ што е можно во овој период.

Поврзани новости