Тошковски објави кои пратеници гласале против предлогот за пасошите

by fokus

Виновниците кои буквално притворија стотици илјади граѓани на територија од 26 000 км2 од денеска имаат конкретно име и презиме, а тоа се сите оние 54 пратеници од СДСМ и ДУИ кои во Собранието гласаа против продолжувањето на важноста на пасошите, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски за измените за Законот за патни исправи, што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ но не поминаа, откако мнозинството пратеници гласаа „против“ тие да се најдат на дневен ред на 145. пленарна седница по итна постапка.

Тошковски го објави списокот на пратеници на кој се гледа кој од нив на денешната седница гласал „за“ или „против“ измените за Законот на патни исправи.

Според него, поради пратениците од СДСМ и од ДУИ, како што вели, кои гласале против продолжување на важноста на пасошите, стотици илјади граѓани останале заробени на територијата на државата без можност да патуваат надвор од неа.

-Тоа го направија молчешкум, без да дадат разумно образложение водејќи се исклучиво од нивниот партиски интерес, притоа оставајќи ги граѓаните во состојба на несигурност и безизлезност и кршејќи им го основното човеково право на слобода на движење. Но, цената за нивниот молк денеска, ќе ја платат на 8 мај, кога народот многу гласно ќе го каже своето, објави Тошковски.

Поврзани новости