На Ванковска и недостасуваат уште 1000 потписи, Стевче Јакимовски собрал над 8000

by fokus

Кандидатката за претседател на престојните претседателски избори предложена од партијата Левица, професорката Билјана Ванковска, на својот Фејсбук профил објави дека блиску е до потребната граѓанска поддршка за нејзината кандидатура, односно дека и недостасуваат уште 1000 потписи.

Утре ќе биде убав ден во престапна година! Ако не сакате турканици викендов, појдете утре или задутре, се вели во статусот на Ванковска.

Со тоа ќе ја заокружи законски пропишаната обврска да приложи поддршка од 10 илјади граѓани кои ги има во избирачкиот список.

Стевчо Јакимовски пак вечерва објави дека  8048 граѓани ја поддржале неговата кандидатура.

Собирањето на потписи ќе трае до 8ми март.

Поврзани новости