Тоше Завков за својот брат Милан: Два часа пред да почине зборувавме на телефон, беше многу расположен

by Fokus

Синоќа ненадејно не напушти познатиот инструменталист, мајсторот на хармоника, Милан Завков. Шок и неверица на естрадата. Голема тага во семејството. Музичарот Тоше Завков тешко се соочува со смртта на својот брат и за Женски магазин ги раскажа последните моменти од животот на неговиот брат.

„Не можам да поверувам што се случи. Двајцата бевме на одмор и вчера ни беше прв ден на работа. Речиси цел ден бевме заедно. Разговаравме, правевме планови поврзани со музиката. Отидовме на ручек. Беше многу расположен. Ние бевме многу блиски и секојдневно се дружевме. Никогаш не се пожали дека има здраствени проблеми. Делуваше здраво и имаше голема енергија. Иако, цел ден бевме заедно,  ми се јави околу 19 часот. Долго време разговаравме, се шегувавме и се смеевме“,вели Тоше и додава дека по два часа му се јавила сопруга на Милан.

Ми рече дека на Тоше не му е добро и веднаш да дојдам кај нив. Беше веќе доцна. Брзата помош во нивниот дом констатирала смрт. Се се случило одеднаш. Милан бил во своето студио, кое е во рамките на нивната куќа. Работел на неговите нови песни кои сакаше да ги пријави на фестивалите. Дошол во салонот и само рекол дека го стега нешто во градите. Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот, раскажува братот на музичарот.

Фото: Женски магазин

 

Поврзани новости