Дарио го распродаде првиот, ќе одржи и втор концерт

by fokus

И покрај многубројните јавни реакции дека влезниците за концертот на поп музичарот Дарио се скапи за македонскиот стандард, сепак неговиот концерт кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија на 17-ти февруари веќе бил распродаден.

Како што информираат од Авалон Продукција, поради голем интерес за настанот, бил закажан и втор концерт на Дарио и Миг 21, кој ќе се одржи наредниот ден, односно на 18-ти февруари.

Со овие концерти тој одбележува 40 години кариера, а пак Авалон, 30 години постоење.

Од продукцијата порачуваат дека е важно да се знае оти и покрај тоа што интересот за проектот Дарио и Миг 21 станувал се поголем и поголем, поради недостаток на слободни термини во Македонската Филхармонија, вториот концерт ќе бил и последен.

Влезниците за вториот концерт ќе биле пуштени во продажба од утре, а нивната цена е 1.200 денари и 1.500 денари за ВИП.

Вики Клинчарова

Поврзани новости