Турција од вчера се стресе повеќе од 450 пати

by Fokus

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.000, а десетици илјади се повредени.

Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја. Според последните проценки, од вчера до денеска турската почва се тресела дури 450 пати, а дури 31 земјотрес биле посилни од пет степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи во понеделникот рано наутро во провинцијата Кахраманмарасу на југоисток, на околу 60 километри од границата со Сирија. Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето исто така на југоистокот на Турција се случи уште еден јак земјотрес, со јачина од 7,5 степени.

Последните појаки земјотреси беа утрово – првиот 5,6 степени, а вториот што се случи околу 08:50 часот беше 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на ЕМСЦ, вчера и утринава во Турција и Сирија се регистрирани над 450 земјотреси. Од нив, 31 биле поголеми од пет степени според Рихтеровата скала, а 183 биле посилни од четири степени. На крајот пет регистрирани земјотреси биле посилни од шест степени според Рихтеровата скала.

Поврзани новости