Тортевски: Во законот нека ги вметнат и порно снимките на Сeверина, Сузана Манчиќ и Качавенда, за да го заштитат и нивниот лик и дело

by Фокус

Адвокатот Александар Тортевски најостро реагира на новиот предлог – закон на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за забрана за објавување на материјалите од прислушуваните разговори што неколку месеци ги објавуваше лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев. Според него, ова е врв на злоупотреба на законодавната функција.

– Кога законодавната функција ќе падне во рацете на неодговорна гарнитура без елементарно чувство на државност и норми на пристојно однесување, тогаш станува опасно орудие. Немам друг збор да кажам, освен дека ова е лудило. Можат со закон да се обврзат сите да пишуваат позитивно за нив, па на тој начин ќе го решат и проблемот со информирањето. Исто така, би ги замолил во законот да ги вметнат порно-снимките на Северина, поранешната лото-девојка Сузана Манчиќ и Качавенда и на тој начин да го заштитат и нивниот лик и дело.Ова нивното е во стилот на попот, кој барал девојките да одат покриени со марами, ама кај него да доаѓаат без гаќи – истакна во изјава за „Фокус“, Тортевски.

Поврзани новости