НДП: Судските седници за аферата со прислушувањето да бидат прикажани во живо на националните телевизии

by Фокус 13:43
13:43

Националната Демократска Преродба бара од меѓународниот фактор, особено на американскиот, еднаш и засекогаш да им стави крај на како што велат, овие валкани игри од страна на автократскиот режим.

Партијата вели режимот се потврдил со последниот предлог за закон со кој ќе се забрани било каква публикација на содржината од аферата со прислушувањето, предложено од страна на ДУИ-ВМРО ДПМНЕ.

- Advertisements -

– Овој последен предлог е кулминација на целосна деградација на овој режим, и поради ова бараме конкретна интервенција на меѓународниот фактор бидејќи овој режим е спремен да ја руши целата инвестиција на меѓународната заедница за овие последни 25 години на плурализмот во Македонија. Во спротивно ова толеранција ќе доведе до целосна анархија со огромни последици за земјава и општеството како целина – се наведува во соопштението на НДП.

Оттаму предлагаат, како против одговор на овој предлог-закон, самите пријави од страна на специјалното обвинителство да се прикажат во живо во сите национални телевизии, па дури и сите судски седници, со единствена цел целото општество да биде сведок на деградацијата на сите политички актери што ја имаат доведено државата до ова дереџе.

 

Поврзани новости