Тортевски: Ни случајно не помислувам да станам претседател на Адвокатска комора со поддршка од само 20 адвокати!

by fokus

Во сабота ќе се избере новиот шеф на Адвокатската комора. Во јавноста меѓу кандидатите се споменуваше и името на адвокатот Александар Тортевски, кој за „Фокус“ појаснува дека нема да учествува во трката за претседател, и како што вели, ниту случајно не помислува да стане претседател со поддршка на само 20 адвокати, како што предвидува сегашната процедура.

Тортевски појаснува дека не бил информиран за закажаното Собрание, на кое што учествуваат делегатите, а од кои се избира Управен одбор, составен од 17 члена, а од нив пак се бира претседателот.

-Наместо да ги информираат сите адвокати за изборот на претседател, па да пуштат електронска порака, како што тоа го прават кога треба да платиме чланарина, тие објавуваат соопштение на Комората, па брзо го тргаат. Никогаш не сум добил покана, па затоа и немав можност да учествувам, вели Тортевски.

Тој смета дека овој начин на избор не е соодветен, и вели дека секој адвокат треба да има право на глас, а не изборот да зависи од делегати, избрани без кворум, и меѓу кои има посебни договори и лобирања за одреден кандидат.

В.В.

 

Поврзани новости