Илиоски до Јанева: Дали „бомби“ циркулираат на црниот пазар?

by Фокус

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во парламентот ја праша специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дали се предадени сите прислушувани разговори, со оглед на тоа, според него, имало информации такви разговори циркулираат и на црниот пазар.

Јанева, одговори дека СЈО направило попис на целокупниот прислушуван материјал од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е дел од доказниот материјал и кој се наоѓа во судот, а е поврзан со предметите „Таргет“ и „Тврдина“.

-Прислушуваните разговори кои се предмет на истрага на СЈО се само индиција врз основа на која е отворена преистражна постапка, а дека СЈО за сите отворени предмети има и материјални докази и сведоци – истакна Јанева.

Исто така, пратеникот Илиоски и забележа на специјалната јавна обвинителка Јанева дека ангажирала вештаците кои се поранешни функционери на владејачката СДСМ, во предмети против неговата партија ДПМНЕ.

– Наместо да донесете правна сигурност, вие сте еден од генераторите на правна несигурност. Поминаа повеќе од две години откако е оформено СЈО, а се уште не е реализирана основната цел за неговото формирање, а тоа е да се најде кој прислушувал и да се осуди – рече Илиоски.

Поврзани новости