Тортевски: Аневски од Советот на обвинители игра за Зврлевски

by Фокус 11:11
11:11

Адвокатот Александар Тортевски смета дека претседателот на Советот на јавните обвинители, Петар Аневски, тера инает кон Катица Јанева со цел предметите „Телеком“ и „Верушевски“ да се вратат кај државниот обвинител Марко Зврлевски, наместо да одат во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Аневски самиот признава дека не ги дава предметите на СЈО само од инает и суета. Како поинаку да се протолкува неговата изјава дека ќе ги даде предметите на СЈО само доколку кај нив на седница да се појавала Катица и да дала каков било одговор на нивните прашања. Ако каков било одговор е доволен за доделување на предметите, се поставува прашањето: зошто воопшто се бара одговорот од Катица? Мене ова повеќе ми личи на изговор, со цел предметите да се вратат кај Зврлевски“- смета Тортевски.

- Advertisements -

Неговата реакција следува по изјавата на Аневски дека е налутен од однесувањето на Јанева и дека таа на средбата во Советот се задржала само пет минути без да сака да дообјасни ништо околу предметите, ниту пак да одговори на прашањата на членовите на Советот на јавни обвинители.

„Ако дојдеше Јанева и го појаснеше тоа што го баравме, предметите ќе и ги дадевме. Моравме ние да одлучиме, нема кој друг“- рече Аневски. Но, од каде прилзегува таквата надлежност на Советот да управува со предметите? Во Деловникот каде се предвидени надлежностите на ова тело пишува дека тие именуваат разрешуваат и ја контролираат работата на обвинителите и ја организираат работата на обвинителствата. Никаде не е предвидено дека може да одлучуваат за предмети. Но Аневски се повикува на член 9 во кој меѓу другото стои дека Советот „врши и други работи утврдени со закон“ и така ја правда својата постапка и се прогласуваат за надлежни за предметите.

Според Законот за специјално обвинителство Јанева има целосна автономија и нема обврска да се „пазари“ со Аневски, туку едноставно самата да процени дали таа е надлежна за тие предмети или не.

 

Поврзани новости