СЈО со предлог измени во Законот за заштита на сведоци

by Фокус

„Иницијативата произлегува како резултат на потребата од уредување на надлежноста на Јавното обвинителсто за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во постапката за заштита на сведоци и е во насока на елиминирање на можноста за поставување на бројни пречки во работата на ова Јавно обвинителство. Во таа насока цениме дека донесувањето на овој закон ќе обезбеди целосна имплементација на начелото на автономност на ова Јавно обвинителство во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, стои во соопштението од СЈО.

Ваквата иницијатива потекнува откако СЈО започна да обезбдува сведоци кои го потврдуваат криминалот на власта, но некои од нив, со оглед на сериозноста на исказите и доказите кои ги имаат е неопходно да се заштитат. Измените се во правец да им се дозволи на специјалните обвинители да имаат пошироки овластувања, односно тие да можат самите да ги знаат, испрашуваат и заштитат сведоците.

Поврзани новости