Мрежата #Бојкотирам и Координативното тело против референдумот на 8 септември, денеска во Скопје организираат прослава за Денот на независноста.
Од 17.00 до 18.30 часот Мрежата #Бојкотирам кај Школката – Градски парк, организира прослава “Среќен роденден Македонијо – Протестирам за да не е последен!” Како што велат организаторите за ТВ 21 ќе има музика, гратис #Бојкотирам маички и роденденска торта. Оттаму, прославата продолжува пред Собранието на Македонија.
Од 19.00 до 22.00 часот Координативното тело против референдумот, пред Собранието на Македонија организира Семакедонски собир “8 септември Држава – 30 септември Геноцид – БОЈКОТИРАМ значи НЕ ГЛАСАМ”. По интонирањето на Македонската национална химна и дефиле на државното и семакедонското знаме од плоштадот “Македонија” под Порта “Македонија” до платото пред Собранието, ќе настапат КУД “Никола Јонков Вапцаров” со Тешкото, Копачка и ора од Егејскиот дел на Македонија и рап-групата “Пука Козметика”.
Организаторите велат дека пораки против референдумот ќе упатат Џејсон Мико, македонски сенатор и голем пријател на Македонскиот народ од САД, Ефтим Клетников, претседател на Македонски манифест и Тодор Петров претседател на Светскиот Македондки Конгрес.