Македонија утре ќе биде под влијание на топлотен бран од жолта фаза, најави УХМР.
Поради високите температури, Министерството за здравство препорачува граѓаните од целата држава да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, соопштија од Министерството за здравство.
-Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот
-Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината)
-Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.
-Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
-При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
-На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.
-Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
Топлиот бран ќе продолжи и во наредните денови кога се очекува максималната температура да достигне и до 39 степени.