БЕСА: Ќе бидеме воздржани за замениците-министри

by fokus

Движењето БЕСА соопшти дека продолжува да биде конструктивна опозиција. Од таму велат дека за предлогот на владиниот кабинет за избор на заменици – министри ќе бидат воздржани.

„Во духот на нашата конструктивност, ние нема да бидеме дел од дебатата за избор на заемници министри, со намера на ваков начин да помогнеме што побрзо да се етаблира владиниот кабинет. Не дека нема што кажеме за таквите кадри, не дека нема што да кажеме за важноста или, поточно, за незначајната улога на заменици министрите во владата, туку сакаме да покажеме дека сме заинтересирани владата што побргу да се комплетира и да очекуваме резултати од неа“, пишува во соопштението.

Од партијата потсетуваат дека беа воздржани и за изборот на Владата со што пратиле порака дека сакаат да ги видат успесите на новата влада.

„Ако денот по утрото се познава, се повеќе сме убедени дека сме имале право што не сме ја поддржале оваа влада“, додаваат од БЕСА.

Поврзани новости