504
Холивудскиот актер Том Круз наскоро ќе го прослави својот 60-ти роденден, но деновиве сите коментираат како тој изгледа подобро од кога било досега, а доказ за тоа се неговите фотографии од аеродромот во Јужна Кореја.
59-годишниот актер пристигна во Сеул за да го промовира новото продолжение на неговиот филм „Top Gun: Maverick“, притоа покажувајќи младешко лице, но и завидни мускули кои се гледаа под маицата.
Според странските медиуми, Том подготвува две раскошни прослави за својот 60-ти роденден, едната во Велика Британија, а другата во Америка, а на списокот на гости се бројни ѕвезди, предводени од легендарниот фудбалер Дејвид Бекам ,принцот Вилијам и други членови на Британското кралско семејство.