Рама: Со години ја чекаме ,,невестата” од Брисел но таа никако да дојде!

by fokus

Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар “Де Бали”(De Balie) зборувал и за ”преговорите со ЕУ и неотворањето на преговорите за Албанија и Северна Македонија”.

И овој пат, тој со неговиот познат вокабулар, на прашањето ”што се случува меѓу Албанија и ЕУ”, вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но оти таа никогаш не дошла.

-Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две, не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува“, рекол Рама според Ора њуз.

Поврзани новости