Тодоров: Со одземање на нашата победа, невини луѓе ќе одат во затвор

by fokus

Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека одлуката на ДИК за графолошко вештачење на потписот на гласачката Фатиме Сулејмани(кое покажа дека нејзиниот потпис бил фалсификуван) била скандалозна и противзаконска.

Тој им порача на членовите на ДИК да размислат дали се подготвени во затвор да испратат невини луѓе, за како што рече, да ги задоволат амбициите на СДСМ.

-Дали сте свесни што правите? Дали имате совест? дали ќе ви биде чиста совеста само заради потребата од изборен инжинеринг да испратите во затвор седум невини луѓе? Свестете се немојте да газите преку живи луѓе – рече Тодоров.

Во однос на тоа дали со протестот пред ДИК се врши притисок врз Комисијата, Тодоров рече оти не знаел дали луѓето што протестираат се членови на ВМРО-ДПМНЕ, но знаел дека се граѓани кои изразуваат незадоволство од работата на комисијата.

Поврзани новости