Жерновски: Груевски е преплашен, нарачаните шамари му се враќаат како бумеранг!

by fokus 19:01
19:01

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски реагираше на својот Фејсбук статус за денешното судско рочиште на Никола Груевски за „нарачаните шамари” притив него, но и за целата постизборна драма што се случува пред ДИК.

Неговиот статус го пренесуваме во целост:

- Advertisements -

Разочарување меѓу опозицијата не смее да има. Напротив! Погледнете ја само ситуацијата во која е ВМРО-ДПМНЕ денеска. Груевски, Јанакиески и нивната советничка се на суд за поттикнување насилство во општина Центар. Нарачаните шамари му се вратија како бумеранг!

Доказите во овој случај се толку силни, што јавноста со право очекува обвинетите многу бргу да се соочат со соодветните казни. Во исто време, останатите од раководството на партијата организираат протести пред ДИК, од каде врескаат и се закануваат со наци(онали)стичка реторика. Сите добро знаеме дека колку е заканата посилна и погласна, тоа е стравот поголем.

Правдата ги стига Груевски и соработниците и тој процес веќе никој не може да го запре. Тоа веќе не е дилема ни за самиот Груевски. Сега тој е исправен пред една друга, многу голема дилема. Дали да ја искористи сопствената лојална војска на поддржувачи како топовски месо и да се брани до последни моменти или, пак, без насилство да се помири со иднината што го чека.

Многумина стравуваат дека тој е спремен на најцрни сценарија и дека ќе ги сврти граѓаните едни против други.

Јас велам дека такво нешто нема да се случи. Нема да се случи затоа што за противници има разумни, слободни и мирољубиви граѓани, кои нема да подлегнат на нивните провокации. Сега е потребно смирено, цврсто и одлучно да се влезе во второто полувреме, во кое ние граѓаните имаме значителна предност. Противник ни е ослабениот и исплашен Груевски, на кој му висат над глава криивчни дела. Сега не смееме да подлегнеме на провокациите, бидејќи Груевски својот излез може да го бара само преку создавање на нова криза

Ова, се разбира, нема да биде решено брзо, но она што е важно е дека од ден во ден сме се’ поблиску до конечен пораз на режимот, напиша Жерновски на Фејсбук.

 

 

Поврзани новости