Тодоров: Со Груевски никогаш не сум се скарал, со Мијалков се скарав околу изборот на Мицкоски за лидер

by Fokus

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во вчерашното гостување во емисијата анализа на 24ТВ објасни како се одвивал процесот за избор на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметам дека човек понекогаш треба да се повлече од политиката и јас тоа го направив. Тоа коинцидираше со настаните од 27 април и после тоа се повлеков и од пратеник. Подрастично и посериозно ја донесов одлуката со изборот на новиот претседател, односно на новото раковдство. Тогаш јас имав еден друг концепт, едно друго размислување. Не сакав да бидам лидер на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не се ни кандидирав. Јас имав друг став околу тоа како партијата треба да продолжи понатаму, односно да се направи едно колективно тело од пет до седум луѓе кои ќе го води ВМРО-ДПМНЕ во еден транзиционен период, кој што ќе направи реформа и на статутот, генерално во правец на демократизација на партијата и потоа да се организира еден конгрес со поголем број на делегати. Сепак, тоа не беше причина за кавга. Јас со Груевски никогаш не сум се скарал, се скарав со Сашо Мијалков, кој за разлика од мене не сметаше дека треба да има колективно тело, туку еден лидер. Мијалков застана позади изборот на Мицкоски – истакна Тодоров во интервјуто.

 

Поврзани новости