Во 13 часот ракометарите на Вардар ќе поминат низ порта „Македонија“

by fokus 10:11
10:11

Денес, во 11 часот, ракометарите на Вардар ќе пристигнат во Скопје, по што ќе почне прославата за Европската титула. На скопскиот аеродром ракометарите ќе ги пречекаат група граѓани кои таму ќе пристигнат со бесплатниот превоз на ЈСП. Автобусите на ЈСП тргнуваат од три места во 09:30 часот и тоа од населба Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.

Во 13 часот, европските шампиони ќе поминат под порта „Македонија“ каде што ќе се упатат на плоштадот. На ова место веќе е поставена бина и се чекаат ракометарите да ги споделат најинтересните и највозбудливите моменти од нивните натпревари, особено од големото финале со ПСЖ.

- Advertisements -

Поврзани новости