Тодоров: Немам омраза кон Мицкоски, но додека тој е во ВМРО-ДПМНЕ, партијата нема да победи!

by Fokus

Никола Тодоров, поранешниот министер за здравство во последниот период е жесток критичар на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако Тодоров беше министер во време на Никола Груевски, сепак, не се согласува со одлуките на партијата и нивниот лидер Христијан Мицкоски.

„Јас немам омраза кон Мицкоски. Но, додека Мицкоски го води ВМРО-ДПМНЕ, не може да победат. Тоа го говорам долг период наназад. Тој мене ме прогласи на предавник и подготвен сум да седнам на полираф со него“, вели Тодоров.

На прашањето дали тој би се кандидирал за нов претседател на партијата, Тодоров кратко рече:

„Доколку има фер конгрес, во кој ќе има голем број на делегати, тогаш би размислил. Но сега, во вакви моменти во кои е партијата, воопшто не би размислувал. Сериозно е расклатена столицата на Мицкоски поради неговите политики“, смета Тодоров.

 

 

Поврзани новости