Судот во Стразбур ѝ наложи на Северна Македонија да исплати надомест на Роми малтретирани од полицијата

by Fokus

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди во корист на двајца тужители, Роми, застапувани од страна на Европскиот центар за права на Ромите (ЕЦПР), кои биле малтретирани додека биле малолетни, од страна на полицијата во Скопје, во 2014 година.

Како што соопшти ЕЦПР, судот пресудил врз основа на недостатоци во истрагата, но не судел за нечовечкиот и деградирачки третман, со кој се соочиле тужителите (член 3 од Конвенцијата), ниту поради дејствијата на јавниот обвинител или на полициските службеници кои биле дискриминирачки (член 14 од Конвенцијата).

-Судот ѝ наложи на македонската Влада на Ромите, кои се сега на возраст од дваесет и три и деветнаесет години, да им исплати износ од по 7.500 евра, соопшти ЕЦПР.

Според претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ, вознемирувачки е да се види дека правдата за овие деца очигледно не може да се добие во Северна Македонија.

-Познато нѝ е дека овој вид на расистичко насилство се случува постојано, но правосудниот систем, полицијата, јавниот обвинител во оваа држава се така институционално расистички, што, дури и кога деца се апсени и претепувани од страна на расистички полицајци, институциите не можат ниту да спроведат успешна истрага против нивните сопствени службеници. Ромите треба да бараат потпора од судот во Стразбур за со цел да добијат каква било правда, вели Јовановиќ.

Од ЕЦПР информираат дека инцидентот се случил на 19 мај 2014 година, кога тужителите Роми биле на возраст од 16 и 13 години

Поврзани новости