Тодоров: На сaкаме медиуми или новинари да бидат казнети и да пишуваат по порачки

by Fokus

Нашата партија има став дека ниту еден медиум и новинар не треба да биде казнет за напишан текст или прилог, истакна вицепремиерот Никола Тодоров, еден од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во разговорите што денеска се водат во резиденцијата на ЕУ во Пржино.

– Околу медиумите, нашата партија има став дека ниту еден медиум и новинар не треба да биде казнет за напишан текст или прилог. Формирање на некое централно цензорско тело што ќе одлучува дали некој прилог е во ред е сосема непотребно. Не сакаме медиумите да бидат доведени во ситуација да се казнуваат и да пишуваат по порачки. Исто така, бараме сериозно намалување на казните – изјави Тодоров, пренесе Мета.

Тој додава дека го прифатиле предлогот на опозицискиот СДСМ за избирачкиот список.

– Сметаме дека е сосема непотребно 170.000 гласачи да се обележат со ѕвездичка како знак дека се од дијаспората, како и тие повеќе од 30.000 што ДИК ги најде за спорни да се избршат ако сами не се пријават на јавниот увид. Сепак, одлучивме да го прифатиме барањето на СДСМ за да докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ изборите ги добива со проектите и со довербата од граѓаните, а не со манипулации во избирачкиот список.

 

Поврзани новости