Димова: Санкциите од ЕУ ќе ги поскапат кредитите за Македонија

by fokus

Пратеничката од СДСМ Лидија Димова вели дека со кратењето на околу 100 милиони евра од фондовите ИПА наменети за Македонија, државата покажува дека е неспособна со менаџирањето на европските фондови.

Таа потенцира дека ако како држава се испраќа порака дека немате капацитет да ги апсорбирате ИПА-средствата, кредитите од другите финансиски институции ќе бидат поскапи, бидејќи се покажува дека државата е ризична за кредитирање.

-Неискористувањето на европските фондови е индикација за движење на работите во државата. Се испраќа порака дека Владата нема административен и апсорпционен капацитет за да ги искористи европските пари, што негативно влијае врз имиџот на државата. Во тој случај и кредитите што ќе ги земете како држава ќе бидат поскапи и кредиторите ќе ве сметаат како ризично подрачје за да ви даваат кредити. Доколку имате голема искористеност на ИПА-фондовите, ќе имате и помалку кредити – вели Димова.

Таа додава дека  главна причина за санкциите од ЕУ е неискреноста на власта во процесот на евроинтеграциите.

Поврзани новости