Тодоров: Македонците ќе немаат основа за чествување на Гоце Делчев доколку тој биде изучуван како Бугарин

by fokus

Македонците ќе немаат основа за чествување на Гоце Делчев доколку тој биде изучуван како Бугарин“, смета членот на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Петар Тодоров во изјава за 360 Степени. Според него, Комисија и натаму нема решение за една од најзначајните личности од историјата.

-Од наша страна, неколку пати укажуваме дека решението за Гоце Делчев треба да биде во насока на тоа зошто оваа историска личност е значајна и за македонското и за бугарското општество и тоа да биде основа за заедничко чествување. Бидејќи, ако тој бил Бугарин, не гледам причина зошто ние, македонските граѓани би имале основа да го чествуваме, смета Тодоров.

 

Поврзани новости