Тодоров конечно ја потпиша донацијата за инсулин

by Фокус

По неколку неделни апели и молби од дијабетичарите, министерот за здравство Никола Тодоров конечно ја потпиша донацијата со инсулин од данската компанија Новонордиск. На неговиот потпис, болните од шеќер чекаа неколку недели.

Од Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ ги известуваат сите оние кои директно или индиректно се засегнати од инсулинската криза во државата, дека со инсулините “Новорапид”, “Левемир” и “Новомикс 30”, можат повторно да се снабдат во сите инсулински аптеки во Македонија.

Иако, донацијата е потпишана. сепак залихите се само за еден месец. Од друга страна, тендерот за набавка на нови инсулини е во тек. Во Македонија има околу 183.000 болни од дијабет од кои околу 1.000 деца, а на терапија на инсулините  на данската Новонордиск се околу 24.000 пациенти.

 

Поврзани новости